Поврзи се со нас

Култура

Делото на гостиварката Афродита Џафери е книга на месецот на „Македоника“

Објавено

на

Збирката поезија „Океан од соништа“ од гостиварката Афродита Џафери е избрана за книга на месецот од Фондацијата Македоника. Со ова, книгата на младата авторка станува дел од мултикултурната дигитална библиотека на Фондацијата, а ќе биде објавена на албански и на македонски јазик.

Збирката ги опишува мечтите и соништата кои реалноста ги прегазува. Во неа авторката зборува за љубовта кон семејството, пријателите, првите симпатии, луѓето, животните, секогаш барајќи некаков си одговор. Во суштина поезијата е инспирирана од одредени случувања во нејзиниот живот, но сепак понекогаш го бара надреалното и невозможното, мечтаејќи по нови хоризонти.

Афродита е студент на Факултетот за драмска уметност во Тетово. Освен што пишува поезија, се занимава и со фотографија.

Проектот на Македоника „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“ е наменет за автори кои пишуваат проза, поезија или драмски текстови и има за цел да ги промовира младите талентирани творци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена