Поврзи се со нас

Вести

Повик до лицата со попречености од Гостивар да ја искористат можноста за свој личен асистент

Објавено

на

Центарот за социјална работа во Гостивар ги повика лицата со попречености да се пријават за да добијат личен асистент кој ќе им помага во секојдневните обврски. Ова им се овозможува преку Програмата за персонална асистенција, што се спроведува во седум градови во Македонија, меѓу кои и Гостивар.

Социјалните служни потенцираат дека е важно лицата со попречености да знаат дека нема да ги изгубат правата на надоместоци кои ги примаат, доколку се пријават за програмата за лична асистенција. „Може да се пријавуваат лица од 18 до 64 години со тешка или најтешка телесна попреченост или слепи лица. Со барањето се поднесува лична карта како наод и мислење од Комисија за попреченоста во физичкиот развој или видот“, објасни Сами Алија од Центар за социјална работа во Гостивар.

За лични асистенти на лицата со попречености веќе се пријавиле петнаесетина заинтересиани, чија обука ќе се спроведува преку гостиварскиот Црвени Крст. За својот ангажман, асистентите ќе бидат платени со месечен надоместок зависно од бројот на часови кои ќе ги одработат, при што цената за еден час изнесува 200 денари.

Програмата за персонална асистенција беше усвоена во март годинава и има за цел да се обезбеди поддршка за независно и самостојно живеење на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид. Освен во Гостивар оваа година програмата ќе се спроведе и во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Струмица и Градот Скопје.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 15 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 16 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 19 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 22 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена