Култура
Министерство за култура: Националните установи да ги достават нацрт Програмите за 2019
Националните установи од областа на културата во текот на овој месец треба да ги достават нацрт Програмите за 2019-та година. Министерството за култура на Република Македонија вчера го објави конкурсот за Националните установи.
Во соопштението од Министерството стои дека во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата. Нацрт програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности.
Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности може да се преземат од веб страната на Министерството за култура.
Во Гостивар има две Национални установи од областа на културата: Центарот за култура АСНОМ и Конзерваторскиот Центар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница