Вести
Нови детски катчиња низ Гостивар – родителите со апел да не се уништуваат
Изминатиот период, гостиварската локална самоуправа обезбеди неколку нови детски катчиња за забава и рекреација на најмалите. Игралишта со лулашки, лизганици и други разни реквизити се поставени спроти зградата на судот, кај станбените блокови близу големиот пазар, во дворот на училиштето во село Дебреше и најновото, во населбата Малеарди.
Родителите се задоволни што имаат повеќе уредени места кадешто може да ги однесат децата да уживаат во своите игри. Она на што реагираат е несовесното однесување на поединци поради што и претходно на ваквите детски катчиња им беше краток векот.
„Треба што повеќе вакви места во градот. Децата има каде да одат и да се забавуваат. Сепак доаѓаат и многу поголеми деца, а лулашките не се за нив, не внимаваат и ги кршат, ги оштетуваат. Ова нека биде еден апел да не се прават такви работи. Што е убаво за градот, сите треба да го чуваме.“, велат родителите кои побараа општината да постави и клупи во склоп на игралиштата.
За уредување на детски игротеки на отворен простор, општина Гостивар има издвоено околу 2,3 милиони денари од буџетот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ