Поврзи се со нас

Македонија

Надлежните со совети како да ги заштитите миленичињата и другите животни од жештините

Објавено

на

Високите температури за секое животно претставуваат голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Надлежните потсетуваат дека симптомите на сончаница и тополтен удар се манифестираат во облик на забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, анурија, тикови и грчеви на мускулите. Советите се доколку се забележат такви симптоми кај животните, потребно е итно да се реагира: животното да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух, да му се даде доволна количина на свежа вода, а телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.
Сопствениците на домашни миленици мора да се придржуваат на неколку правила како би спречиле несакани последици од топлотен удар, наведуваат од Агенцијата. „Прво и основно правило е да не се оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сончевите зраци, да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот“.
За да се спречат несакани појави како резултат на високите температури се советува:
-На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода;
-Животните да се држат во проветрени простории (отворање на сите прозори и употреба на вентилација како и уреди за разладување);
-Да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите
-Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончеви зрачења односно на испустите да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински часови или вечерните часови;
-Транспортот на животни да се организира во раните утрински часови или вечерни часови кога температурите се ниски;
-Животните кои се наменети за работа да се користат во раните утрински часови или вечерните часови кога температурите се ниски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 10 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 11 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 14 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 15 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 16 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 17 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена