Вести
Осум лица повредени во масовна тепачка во Гостивар
Во физичка пресметка која настанала синоќа во населбата Фазанерија 2 во Гостивар, со повреди завршиле осум лица, од кои едно со тешки телесни повреди.
Како што соопшти полицијата, во масовната тепачка учествувале две поголеми групи: семејството и пријатели на И.П. и семејството и пријатели на А.Б. , а биле користени разни предмети од двете страни.
Во тепачката со телесни повреди се здобиле лицата Б.Е. (33) од Тетово, И.Б. (27) од Гостивар, А.Б. (34) од Гостивар, Е.П. (32) од Гостивар, Е.П. (22) од Гостивар, М.П. (49) од Гостивар и Е.Н. (18) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобило лицето Б.Ф. (26) Теарце, тетовско. Тој по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
СВР Тетово соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!