Поврзи се со нас

Интервју

Интервју со Никодин Велјаноски, потпретседател на Македонското Физиотерапевтско Здружение

Објавено

на

„Зафатени со обврски, луѓето не одржуваат психо-физичка кондиција!“

 

Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, 8-ми Септември, направивме интервју со гостиварецот  Никодин Велјаноски, спец.физиотерапевт, потпретседател на Македонското физиотерапевтско здружение.

Во јавноста последниот период актуелно е барањето на физиотерапевтите за законски измени со кои ќе им се овозможи да можат да работат самостојно. Која е причината за таквото барање и кои би биле бенефитите за пациентите и за самите физиотерапевти? 

Велјаноски:Точно е дека тоа е доста актуелна тема во последниот период. Физиотерапевтите, а и Македонското физиотерапевтско здружение како нивни претставник бара да се донесе законот за самостојна физиотерапевтска дејност. Причината и бенефитите се  повеќе од јасни. Со законското решение ќе се овозможи директниот пристап на пациентите до физиотерапевтите. Сметам дека со оглед на тоа дека сме во 21-ви век, жално и неодговорно е на здравствените власти во Македонија да имат пациенти, во постела со неможност да добијат соодветна терапија, а при тоа да развиваат и голем број на компликации кои ги носи пролонигираната имобилност. Со самото озаконување на нашата професија т.е физиотерапевтската дејност, ние нема да сме приморани да работиме илегално  “на црно” со  пациентите.

-Вашата фела се соочува и со друг проблем, а тоа се нестручни лица кои со завршени курсеви и куси обуки нудат физиотерапевтски услуги. Каков ризик носи тоа за пациентите и дали имате некој модел преку кој би се решило ова прашање?

Велјаноски:Да, постојат голем број на нестручни лица кои се со несоодветно образование и се повикуваат со титулата ФИЗИОТЕРАПЕВТ. Тоа е проблем на здравствените и образовни органи во Македонија кои заради нивна негрижа и неконтрола  го доведуваат во ризик здравјето на пациентите. Решението за овој проблем е во формирањето на самостојна комора на физиотерапевти која ќе врши регулација на сите дипломи стекнати во Македонија и странство и врз основа на веќе поставени правила кои се применуваат во европската унија ќе издава лиценца за работа. Професијата носи бенефиции, но исто така и одговорности кои треба некоја институција да ги контролира и спроведува.

-За какви здравствени тегоби најчесто ви се обраќаат луѓето за помош?

Велјаноски:Со оглед на тоа дека живееме во едно брзо време, со преголем број на обврски, се повеќе се запоставуваме себеси и нашата физичка, а и психичка кондиција. Работењето пред компјутер, канцелариските работни позиции и слично, се една од причините за честите проблеми со ‘рбетот кај пациентите. Болките во вратот и лумбо-сакралната регија (половините) се доста честа патологија. Но, не може да се избегне и мозочниот удар и пациентите кои страдаат од истото.

Кое е Македонското Физиотерапевтско Здружение, од кога постои и кои се активностите кои се спроведуваат преку здружението?

Велјаноски:Македонското физиотерапевтско здружение е невладина, непрофитна организација која има за цел да ги обедини високообразованите физиотерапевти на територијата на Р. Македонија. Основано е минатата година односно на 01.06.2017 со едногласна одлука од извршниот одбор и претседателот на здружението. Во текот на изминатата година се одржаа повеќе настани од типот на едукативни семинари но и курсеви за одредени техники. До крајот на оваа година веќе се закажани уште 2 курсеви и еден завршен семинар. И да не заборавам да го напоменам и прославувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 08 Септември, прославата ќе се одржи на 7ми Септември во ЕУ Инфо Центарот во Скопје со почеток од 11 часот.

 -Каква е улогата на еден физиотерапевт во целокупното зачувување на здраво тело кај пациентот?

Велјаноски:Физиотерапевтот е една од најзначајните алки во синџирот на медицинската рехабилитација кај пациентите. Со редовна посета на физиотерапевт, консултации па и третмани може да се делува и превентивно врз физичката состојба на пациентите, и да се песретнат голем број на болни состојби. Советувајте се, консултирајте се со физиотерапевт, барем тоа е бесплатно, но е многу значајно во зачувувањето и третманот на психо – физичката состојба. Вашето тело во секој случај ќе ви биде благодарно.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 55 минути

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 2 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 4 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 6 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 7 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 8 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 9 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 20 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 22 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена