Вести
Собирањето и транспортот на ѓубрето во Гостивар ќе оди под концесија?
Гостиварската локална власт размислува да го даде собирањето и транспортот на сметот под концесија. Ова го откри градоначалникот Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање: Што општина Гостивар планира да преземе за подобрување на јавната хигиена градот, која периодов е евидентен проблем во повеќе делови од градот?.
„Во текот на летните месеци се дуплира бројот на граѓани во градот, а нашите капацитети се ограничени. Точно е дека хигиената во некои делови не е како што треба, но ние се трудиме и максимално работиме на подобрување на ситуацијата. Јавното претпријатие Комуналец три пати дневно ги чисти контејнерите, и не може да постигне, тие пак се преполнуваат. Размислуваме како опација, наредната година оваа дејност да ја дадеме под концесија, на приватна фирма која ќе го менаџира професионално. Верувајте со Комуналец и канализации и водоводи не се постигнува се`.“, рече Таравари.
На преполни контејнери и расфрлано ѓубре, најмногу реагираат жителите од реонот близу автобуската станица, големиот градски пазар и во населбата Малеарди.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
1 Коментар