Поврзи се со нас

Вести

Прослава на Свето Преображение во манастирот во Циглана

Објавено

на

Во манастирот во изградба „Св. Преображение“ во населбата Циглана, во Гостивар со голем црковно-народен собир се прослави празникот Преображение Христово.

Манастирот собра голем број верници од Гостивар и околината, кои заедно го чествуваа денешниот христијански празник. Чинот на водовет, прережување на славските погачи и осветување на грозјето го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, со свештениците од гостиварското архиерејско намесништво.

„Може да се почувствува дека ова светилиште ќе биде место за мир и спокој. Да доаѓаме и да го посетуваме во што поголем број и што почесто.“, рече во својата беседа Владиката.

На прославата во Гостивар беше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој за манастирот подари икона. Претседателот на Иницијативниот одбор за изградба на светилиштето, Даниел Радески му се заблагодари на поддршката, а зборови на благодарност упати и до кумовите на годишената прослава на Преображение. “Оваа година има седум кумови, тоа се луѓе и семејства кои се големи поддржувачи и ктитори на манастирот, на кои сме им многу благодарни“, рече Радески.

 

Граѓаните кои денес дојдоа на прославата на празникот споделија дека заедничкото одбележување им носи чувство на среќа, исполнетост и позитивна енергија.

Преображение по својата смисла и значење е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, односно покажување на неговата божественост пред своите најблиски ученици на Таворската Гора, кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.

На Преображение за пат пат се јаде грозје или друго овошје, откако свештеникот ќе го благослови во знак на благодарност кон Бог за дадените плодови на земјата.

Во чест на празникот утрово во соборниот храм „Пресвета Богородица” во Гостивар беше отслужена божествена литургија со која чиноначлствуваше Владиката г.Јосиф.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена