Вести
Увид во избирачкиот список уште денес и утре – во Гостивар се провериле 170 граѓани
Граѓаните имаат уште два дена да извршат јавен увид во Избирачкиот список за престојниот референдум. Рокот истекува утре, 23 август.
Според последните податоци од Државната изборна комисија, до 20 август во подрачното одделение во Гостивар, увид направиле 170 лица. За едно е донесено решение за запишување во избирачки список, додека решенија за бришење или за промена на податоци нема.
Освен во подрачното одделение граѓаните можат да ги проверат своите податоци преку веб-страната на ДИК, https://izbirackispisok.gov.mk/ . Доколку забележат неправилности или недостатоци и доколку сметаат дека е потребно, може да побараат измена, дополнување или бришење на податоците, со барања кои треба да ги поднесат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
На територија на цела Македонија проверка на избирачкиот список извршиле околу 4.000 лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница