Вести
Александар Костовски е нов играч на КК Гостивар
Македонскиот репрезентативец Александар Костовски е најновото засилување на „бело-сините“. Триесетгодишниот кошаркар е класичен разигрувач, доаѓа од романското првенство, каде настапуваше за екипата на Питешти. Во две сезони во романското првенство, за 911 минути игра, постигна 406 поени, односно има просек од 12,3 поени за 26 минути по натпревар.
Активен член е на Македонската кошаркарска репрезентација, неговото искуство ќе биде од големо значење за тимот на Марјан Србиновски, како и предноста „домашен играч“ која според новите правила на МКФ, тројца домашни играчи на терен ќе овозможи дополнителни комбинации во ростерот на гостиварци.
Костовски е трето ново име во Гостивар, после ангажирањето на Џо Фурстингер и Мартин Шалев. За неговиот ангажман беа заинтересирани неколку екипи од регионов и блискиот исток. Во кариерата е одликуван со неколку спортски награди како најдобар млад играч 2006 и 2008, и најдобар домашен кошаркар во 2016 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!