Поврзи се со нас

Вести

Кривични пријави за вработени во “Македонски шуми” – ШС Шар Гостивар

Објавено

на

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(48) од Гостивар – референт по приватни шуми во ШС ШАР Гостивар, Т.Б. (59) од Гостивар – референт за користење на шуми во ШС ШАР Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“,М.Б. (23) од Гостивар, управител на „Бесмир КОМ село Ѓурѓевиште“ која се бави со сеча, дотур и превоз на дрвна маса, М.А. (49) управител на правното лице ,,Авни-Компнаи“ која се бави со сеча, дотур и превоз на дрвна маса и двајцата од Гостивар поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела, ,,пустошење на шума“ и „фалсификување исправа“.

Прво и второпријавениоткривичните дела ги сториле во својство на референти по приватни шуми во ШС ШАР Гостивар на подрачјето на град Гостивар, на тој начин што искористувајќи ја својата службена положба, бидејќи спротивно на закон направиле, а потоа издале одобрение за сеча на ретки видови дрвја со продолжение издадено од ЈП Македонски Шуми ШС-ШАР Гостивар на име на лицето К.С. и М.С. Во катастраска општина Ѓурѓевиште и Пожаране во кое им се одобрува сеча од 67м3 и 53 м3 дрвна маса како и записник од увид на лице место за сеча на ретки видови на дрвја за наведната парцела во кој внеле податоци со невистинита содржина за количина на дрвна маса, а потоа едното одобрение било употребено од страна на М.Б. за сеча на 67 м3 дрвна маса и 57 м3 од страна на М.С., а иако знаеле дека на наведената катастарска парцела не постои дрвна маса.

Трето и четвртопријавените кривичните дела ги сториле во мај месец 2016 година, на тој начин што извршиле бесправна сеча на дрвна маса употребувајќи ги одобренијата издадени на име К.С. и М.С. како вистиното, иако знаеле дека податоците внесени во наведеното одобрение направено од прво и второпријавените биле со невистинита содржина во количината на дрвната маса. По ова, откако ја натовариле дрвната маса во товарните возила од страна на полициски службеници биле сопрени при што од контролата било утврдено дека натоварената дрвна маса била без шумски жиг-печат, по што биле донесени во ПС за ГН-Маздрача, од каде со записник биле предадени на Шумска Полиција во Гостивар.

Со ваквите дејствија сторителите на делата ЈП-Македонски Шуми директно и државата Република Македонија индиректно ги оштетиле со претпоставен вкупен износ од 683.959 денари.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 18 минути

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 56 минути

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 3 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 5 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 6 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 19 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 20 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена