Вести
Во гостиварските училишта запишани 613 првачиња
Во понеделник започнува новата учебна година за која највозбудени и најрадосни се децата кои тргнуваат во прво одделение. Уписите се спроведуваа во текот на месец мај, а годинава првачиња стануваат дечињата кои се родени во 2012-та година. Според податоците од општинскиот Сектор за образование, во основните училишта на територијата на општина Гостивар, запишани се 613 првачиња.
Искуството од претходните години кажува дека дел од родителите го чекаат септември за упис, па постои можност бројката да се зголеми. Сепак, изминатата деценија гостиварско постојано бележи тренд на намалување на бројот на првоодделенци. Проценките се дека бројката на нови ученици во прво одделение за десетина години се намалила околу 20%.
На подрачјето на општина Гостивар има 11 централни основни училишта и 20 подрачни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ