Култура
Пијанистот Гелебешев приреди „Шопенова вечер“ за паметење во Гостивар
Македонскиот пијанист Глигор Гелебешев вчеравечер одржа концерт пред гостиварската публика, во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“. Љубителите на класичната музика уживаа во звуците на пијаното со шеесетминутна програма, целосно посветена на славниот композитор Фредерик Шопен. Гелебешев изведе валцери, мазурки, ноктурна, балади и полонеза од музичкиот великан. Пијанистот го доби целосното внимание на публиката, која за концертното уживање го награди со аплауз и го врати на бис.
Концертот во Гостивар, насловен „Шопенова вечер“ се одржа со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Глигор Гелебешев завршил Академија на уметности во Нови Сад, а магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Работи како професор по пијано во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Освен во Македонија, имал настапи во Франција, Холандија, Србија, САД, Турција, Бугарија и други земји. Добитник е на наградата Златна Лира, што ја доделува Сојузот на музички уметници на Македонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот