Култура
Кои настани ќе ги финансира Министерството за култура преку „Нов културен бран“ во Гостивар?
Деновиве беа објавени резултатите од конкурсот за манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, кој беше распишан во јуни годинава. Финансиска поддршка за реализација на проекти и настани од областа на културата во Гостивар, добија десетина здруженија и уметници поединци. Повеќето се музички настани, а има и изложба, детски фестивал, курс за црно-бела фотографија и друго. Според наведеното во конкурсот, активностите треба да се спроведат до 15 октомври.
Меѓу оние на кои им се одобрени најголеми суми од Министерството за култура се Здружението Отело за организирање на Недела на културата во Гостивар, кое е поддржано со 600 илјади денари, музичарот Аднан Алиу за фолклорен концерт со 300 илјади денари и Здружението Амадеус Моцарт за организирање на Рок вечер, за што ќе добие 250 илјади денари.
Целата листа на одобрени проекти во рамки на Нов културен бран може да ја погледнете ОВДЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!