Вести
За две недели повторно зонско паркирање во Гостивар – цените ќе останат исти
По половина година откако беше укинато, зонското паркирање во Гостивар повторно ќе профункционира. По завршување на тендерските процедури, потпишан е договор за јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” и Електро Софт Инженеринг, со која ќе се регулира зонскиот паркинг.
Од фирмата која го доби тендерот, рекоа дека зонското паркирање ќе почне да функционира за две недели. Во втората фаза ќе бидат пуштени во употреба два затворени паркинзи, а во третата фаза, наредната година, ќе започне примена на сензори со кој возачите преку апликација на мобилен телефон или на смарт табли ќе можат да знаат каде има слободен паркинг.
“Според претходниот договор склучен помеѓу поранешното општинското раководство и тогашниот приватен партнер, 62% од средствата што се собираат од наплатата за паркирање одеа за јавното претпријатие а за приватниот партнер 38 проценти. Договорот кој го потпишавме денеска е многу поповолен во однос на претходниот, затоа што дури 90 проценти од средствата ќе одат за општината односно за јавното претпријатие, а само 10 проценти за приватниот партер“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Цените на зонскиот паркинг остануваат исти, 25 денари за еден час.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!