Занимливости
Обична фолија за необична намена
Секоја домаќинка ја има дома, а не знае за што се таа може да и послужи. Алуминиумската фолија не е само „чувар“ на топлината или свежината на јадењета, таа има далеку поширока примена.
Дали знаевте дека со нејзина помош можете совршено да исчистите сребро? Ставете парче фолија во тава, додадете малку вода и ставете две лажици сол, па ставете го накитот кој сакате да го исчистите. Оставете го да отстои три до четири минути, а потоа предметите исперете ги и избриште ги со сува крпа.
Ако останете без жица за рибање на загорените остатоци од дното на садовите, само изгужвајте парче фолија и тоа ќе ви послужи како вистинско „оружје“.
Доколку ножичките ви отапеле, не морате да купувате нови. Превиткајте парче фолија на неколку делови и исечете го со ножиците неколку пати. Ќе видите дека се остри, исто како нови.
Тврдиот кафен шеќер, можете повторно да го вратите во „песочна“ состојба, така што ќе го завикате во фолија, ќе го ставите во рерна и ќе го печете пет минути, на 150 степени.
За вашите стари радијатори подобро да греат, залепете парче дебела алуминумска фолија на картон, кое ќе го ставите помеѓу ѕидот и радијаторот. Водете сметка страната од каде што е фолијата да биде свртена кон радијаторот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!