Поврзи се со нас

Култура

Во петок промоција на „Чист Хероин“ од гостиварецот Дејан Крстески

Објавено

на

На 21 септември (петок), во галеријата „Култ“ во Гостивар, ќе се одржи промоција на збирката раскази „Чист Хероин“ од гостиварецот Дејан Крстески, во издание на ПНВ Публикации.

Во „Чист Хероин“ се поместени 40-тина раскази, во кои се мешаат безброј општочовечки потраги и филозофски прашања со длабоки лични знаења и доживувања на низа разбранувани емотивни состојби. Авторот и покрај нивната комплексност, успева  едноставно и јасно да ги објасни, така што ништо не ја запира пораката да стигне дирекно до читателот. Писателот на еден надреален и фантастичен начин, отсликува еден поинаков свет, во кој ограничувањата се измислен конструкт, а темнината е во секој од нас.

Дејан Крстески е добитник на многу литературни награди и признанија, меѓу кои и наградата за една од најчитаните книги во 2017 година од страна на Македоника и Унеско за книгата: „Луѓе без лица“. Песната, „Последната книга“, беше избрана за една од најдобрите творби, по повод „Ден на Читателот“, од страна на НУБ „Климент Охридски- 2017“.

Збирката раскази „Чист Хероин“, која е трето книжевно остварување на авторот, неодамна беше промовирна во Скопје. Промоцијата во Гостивар започнува во 19 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 5 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 7 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 10 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 11 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 14 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 15 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 16 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 17 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 18 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена