Рецепти
Највкусното мезе: Похувани пиперки со сирење и кромид
Похуваните пиперки со кромид и со сирење, можат да послужат како одлично предјадење и мезе. За да се подготват, потребни се следниве состојки:
6 пиперки
еден кромид
буковец
150 гр сирење, исечено на парчиња, се препорачува да биде што е можно поквалитетно и појако
малку сол
2 јајца
50 грама презла;
масло
Подготовка:
Пиперките треба добро да се испечат, а потоа и убаво да се излупат. Ставете малку сол, бидејќи сирењето е солено. Сирењето треба да се исече на 6 еднакви парчиња и од отворот на пиперката, од каде се вади семето, во секоја пиперка се става по едно парче сирење, ситно сецкан кромид и буковец (не е потребно да се мери, отприлика се става).
Подгответе ја презлата во еден сад и секоја пиперка извалкајте ја во презла. Изматете ги јајцата со многу малку сол, па пиперката извалкајте ја и во изматените јајца. Потоа пржете ги во тава со врело масло.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот