Вести
Совет на општина Гостивар – Се „кршеа копјата“ околу субвенции за ЈП Ринија
Советот на општина Гостивар на денешната седница, не ја поддржа предлог одлуката за доделување на субвенции од 500 илјади денари за Јавното претпријатие Ринија.
Советничката група на ДУИ, која го има мнозинството, беше против доделување на субвенции. „Општината најпрво да издвои пари од буџетот за училиштата, а потоа да се даваат субвенции на претпријатието. Советот веќе претходно донесе одлука со која на ЈП Ринија му беа доделени 700 илјади денари кои требало рационално да се трошат. Со тие пари раководството не платило ниту една сметка за струја, а сега повторно бараат субвенции за долгови за струја“, рече Газменд Мемеди од ДУИ.
Советникот од Алијанса за Албанците, Берат Јакупи пак потенцираше дека претпријатието кое стопанисува со спортската сала треба да се поддржи и образложи дека со претходно дадената сума биле исплатени платите за вработените. Од Секторот за финансии и буџет рекоа дека со донесувањето на буџетот биле определени средства за училиштата и дека не е точно оти тие не се исплаќаат на образованите установи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените