Писма
ПИСМА: Граѓани од ул „29 Ноември“ бараат обнова на канализацијата и нов асфалт
Читателот на Gostivarpress.mk Берат Ахмети, во име на повеќе граѓани кои живеат на улицата „29 Ноември“ испрати порака со барања до локалната самоуправа и до градоначалникот Таравари, за решавање на неколку проблеми со кои се соочуваат.
„Ние граѓаните на оваа општина на Ул.29 Ноември се соочуваме со секојдневни големи проблеми со стара канализација којашто самите соседи пред околу 50 години ја изградиле и не е во добра функција при големи количини на врнежи. Покрај овој проблем се соочуваме и со проблеми со стариот испукан асфалт со голем број на вдлабнатини и испукнатини. Сметам дека општината и градоначалникот овој проблем што поскоро ќе го решат, бидејќи оваа улица е во центарот на градот и се користи за потребите на основно училиште, пазарот, фондот за здравство и општината.“, наведува читателот.
Во писмото исто така се алармира и дека улицата е тесна што попречува влез на големи товарни возила, како камиони за дрва, камиони за малтер коишто се потребни за изградба на нова куќа и сл.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ