Вести
Градското дерби ФК Гостивар – Генч Калемлер во сабота од 13:30 часот
Сезонава после многу години, Гостивар доби градско фудбалско дерби. Во исто натпреварување, Втората Македонска фудбалска лига – Запад, се натпреваруваат две амбициозни екипи од Гостивар, ФК Гостивар и ФК Генч Калемлер.
Во сабота, во рамки на 12-тото коло овие две екипи ќе се пресметаат по вторпат во нивната историја. Во првиот дуел во сезоната 2018/2019 поуспешна беше екипата од Долна Бањица, го добија дербито со резултат 3:2.
Овојпат домаќин е екипата на ФК Гостивар, избраниците на Ерџан Менга немаат победа три кола по ред, се наоѓаат на 4-тата позиција на табелата со 16 бодови, со скор од 5 победи, исто толку порази и 1 нерешен натпревар. Заостануваат 4 бодови од местото кое обезбедува бараж за Првата лига.
ФК Генч Калемлер имаше одлично отворање на сезоната, дури стигна и до врвот на табелата, но фудбалерите на Бирол Топчиу не успеаа да го одржат тоа ниво. Во пресрет на новото коло се наоѓаат на 7-та позиција, со 4 бодови позади ФК Гостивар и 9 бодови заостанување од лидерот на табелата. Екипата од Долна Бањица е во негативен низ од 4 натпревари без победа.
И двете екипи ќе посакуваат победа во утершното дерби пред гостиварска публика, што е најава за борбен и возбудлив меч. Убавото време ќе биде дополнителна причина, љубителите на фудбалот од Гостивар и регионот утре од трибините на Градскиот стадион во Гостивар ја проследат оваа фудбалска пресметка. Натпреварот започнува во 13:30 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ