Вести
Проект за развивање интеркултурна комуникација во средното техничко училиште во Гостивар
Средношколците од техничкото училиште во Гостивар беа дел од Форум театар, интерактивен настан кој има за цел развивање на добра комуникација и разбирање меѓу различните култури. Учениците имаат можност да разговараат за одредени проблеми, да го искажат своето мислење и да дискутираат што може да преземат за подобрување на одредени состојби.
Активноста, под наслов „Културите комуницираат“ се организираше во рамки на проектот „Без расправање“ што го реализира Волонтерскиот центар од Скопје.
„Целта на проектот е младите да разберат дека преку интеркултурна комуникација и интеракција може да си ги решаваат проблемите што ги имаат во општеството, да сфатат дека некомуникацијата помеѓу културите само создава празнини меѓу нив и ги зголемува проблемите. Во овј Форум театар, публиката е дел од претствата, секој може да стане и да каже што би изменил, така младите добиваат можност да го искажат своето мислење.“, рече Вафире Мухареми, проектен координатор на Волонтерскиот центар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените