Вести
Студеното време му годи на нашето здравје
Веројатно сте слушнале дека студеното време и свежиот воздух позитивно влијаат врз нашето здравје. Организмот има конкретни придобивки од студеното време. Во продолжение, ви претставуваме неколку од нив:
1.Имаме повеќе енергија
Прошетката на студено време ќе ве исполни со силна енергија, па по враќањето дома ќе се почувствувате расположени и ќе имате волја да ги завршите вашите обврски. За студеното време да ве поттикне, не треба со часови да шетате. Доволна е една кратка прошетка.
2.Влијае на квалитетот на спиењето
Ниската температура во просторијата, во којашто спиеме, влијае на квалитетот на нашиот сон, а особено одговара за луѓето, кои патат од несоница. Нив ќе им биде полесно да заспијат во соба, чија температура е околу 15 Целзиусови степени.
3. Согорување на калории
Студеното време поттикнува на согорување на калории во темното масно ткиво. Темното масно ткиво произведува топлина и согорува маснотии.
4. Мозокот работи подобро
Докажано е дека при високи температури, луѓето се помалку решителни и ретко донесуваат големи одлуки. Топлото време бргу ги исцрпува нашите резерви на гликоза која ја користиме во менталните процеси, па нејзиниот недостаток влијае врз нашата способност за донесување на одлуки.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница