Вести
Излетало возило на патот Гостивар-Маврово, возачот тешко повреден
Триесет и двегодишно лице завршило со тешки повреди во несреќа што се случила ноќеска, околу 1 часот и 20 минути на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост. Според информациите од МВР, патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И. од Србија, излетало од коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. МВР соопшти дека се работи на целосно расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница