Вести
Зошто зебрите имаат риги?
Сега, научниците од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес направија едно од најопфатните истражувања за ригите на зебрите досега. Тие испитувале како 29 различни варијабли на животната средина влијаат на ригите кај зебрите од 16 различни места од јужна до централна Африка.
Научниците откриле дека ригите се најтесно поврзани со температурата и врнежите во животната средина на зебрите, и немаат никаква врска со лавовите или мувите во тој регион. Тоа значи дека овие наоди, објавени во „Royal Society Open Science“, укажуваат на тоа дека ригите им помагаат на зебрите да ја регулираат температурата на телото.
„Постојано не измачуваше ова прашање“, велат научниците. „Зошто зебрите мора да имаат риги за да се одбранат од предаторите? И другите животни имаат предатори, па немаат риги. И другите животни ги касаат муви, па и тие немаат риги“.
„И другите животни треба да си ја регулираат температурата на телото, но зебрите ја варат храната многу поспоро, што значи дека поминуваат подолг период на сонце додека јадат, па тој дополнителен систем за ладење им е од голема корист“, објаснуваат научниците.
Тие забележале дека зебрите со подебели и подефинирани риги генерално живееле во северните, екваторијални предели, додека оние со помалку риги биле почести во јужните, поладни предели од Африка, што дополнително ја поддржува нивната теорија.
Меѓутоа, оваа теорија се’ уште не е експериментално потврдена, а некои научници сметаат дека таквиот ефект не е ни возможен, особено бидејќи имањето на црни влакна по телото е последното нешто што би го сакале доколку се обидуваме да се оладиме. Оние кои ја побиваат оваа теорија, ја поддржуваат онаа за мувите.
Научниците планираат да ја тестираат теорија за регулирањето на температурата преку проучување на воздушните струји над телото на зебрите, или пак со имплантирање на температурни сензори, доколку добијат дозвола за тоа.
Сепак, потребни се дополнителни истражувања поради тоа што ригите најверојатно имаат повеќе намени. Ригите на грбот можеби ја регулираат температурата, но на нозете на пример, каде што мувите најмногу ги касаат, може да им помогнат при избегнувањето на истите.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!