Забава
Што навистина забележуваат гостите во вашиот дом?
Сите деца кои растеле на Балканот сигурно влечат трауми од оној посебен момент во домот кој се вика – ќе ни дојдат гости. Уште ако се во прашање гости кои се најавени во последен момент, тогаш секоја вистинска балканска жена се претвара во нинџа која со неверојатна брзина и умешност ја средува куќата.
Доаѓањето на гости, најчесто значи прогласување на вондредна состојба во која најнеопходно е да се среди домот – се разбира да свети. Пред цела таа паника да ја пренесете на децата, мора да знаете што точно гостите забележуваат кај вас. Направени се бројни анкети на таа тема, а ние ви ги пренесуваме резултатите.
Мирис
Декорацијата на масата сигурно не е прва работа која ќе ја забележат гостите во вашиот дом, туку мирисот. Тоа е првото нешто на кое треба да обрнете внимание. За среќа, денеска може лесно да се купат ароматизери и мирисни свеќи, кои ќе го решат проблемот со мирисот за кратко време.
Барот
Добро наполнет вински или бар со разни пијалоци е примамлив дел во секој дом. Ако имате слободен простор во домот направете бар, бидејќи со сигурност ќе го привлече вниманието на гостите и нема да ги забележат дамките по тепихот или дека не е свежо поминато со правосмукалка.
Свежо цвеќе
Дури и ако детално не сте ја чистеле куќата пред да дојдат гостите, на некое ударно, видно место поставите вазна со букет свежо цвеќе. Поголедот константно ќе им биде насочен кон цвеќето и така нема да ги забележат останатите недостатоци.
Минимализам
Кога е во прашање уредувањето на домот, важи правилото помалку е повеќе. Значи, не ги претрупувајте полиците со се и сешто. Тргнете ги безберојните ситници и на полиците чувајте само неколку украси. Така, вашиот дом ќе изгледа многу поуредно.
Уредна бања
Е, за ова балканските жени имале право. Бањата е огледалото на еден дом и ако таа е чиста и уредна, вашите гости сигурно нема да ви забележат за некоја папучка што останала на сред дневната соба. Пред да дојдат гостите, доволно е да ставите чисти крпи, да ја смените ролната тоалетна хартија со нова и да го пребришете лавабото.
Среден ходник
Првиот впечаток е многу важен и затоа пред да дојдат гостите, тргнете ги обувките од ходникот и ослободете ја закачалката, за да не изгледа пренатрупано.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!