Македонија
Министерството за култура ги објави резултатите од годишните конкурси за проекти во 2019
Министерството за култура денеска на веб-страницата (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.
„При одлучувањето за проектите се водеше сметка за соодветно проектирање на приоритетите на Министерството за култура, во насока на поддршка на проекти и активности кои го стимулираат креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка, социјална, родова и старосна припадност. Поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите:мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи“, соопштија од Министерството.
На објавените Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година пристигнале 5560 пријави, а комисиите предложиле поддршка за 2781 проект.
На повикот за националните установи, биле доставени 1630 пријави од над 60 национални установи во областа на културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура, од кои се поддржани 910 проекти.
Резултатите детално може да ги најдете во табелите на крајот од соопштението ОВДЕ
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ