Македонија
МВР почна да издава потврди на граѓаните со нов печат и новото име до целосната промена на сите документи
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи ќе издава односно веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што се издадени од министерството (лични карти, уверенија за државјанства, возачка дозвола) кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.
Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство односно во амбасадите на државите што тоа го бараат. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“.
Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.
Од МВР потенцираат, за патување во странство на државјаните на Република Северна Македонија не им треба никаква потврда туку тоа се остварува со патната исправа што ја поседуваат, а на излегување од државата во патната исправа се става печат дека патната исправа е сопственост на Република Северна Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ