Поврзи се со нас

Македонија

Продолжен рокот за бесплатни микрочипови за миленичињата – казните од 100 до 1.000 евра

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за реализација на акцијата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици. Наместо на 31 март како што беше најавено, оваа активност ќе заврши на 31 декември годинава. За таа цел набавени се бесплатни 100 илјади микрочипови. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов, на прес конференција истакна дека акцијата продолжува, бидејќи во системот на Агенцијата досега се евидентирани 49 илјади домашни миленици.

„Од 1 април, од кога почнува да тече новиот рок за реализација на оваа акција, аплицирањето на микрочипот ќе се наплатува по 200 денари од страна на ветеринарните друштва,  за издавање на пасошот за миленикот ќе се плаќа по 120 денари, додека самиот микрочип, кој го обезбеди Агенцијата ќе биде бесплатен. Од 1 април, инспекциксите служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван миленик. Казните за физичките лица се движат од 100 до 150 евра, а за правните лица илјада евра во денарска противвредност“, рече Атанасов.

Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците, е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во која една од точките се однесува и на одговорното сопствеништво и справувањето со проблемот со бездомните  кучиња.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена