Занимливости
Бесплатен одмор во Финска и часови за живот без стрес…звучи примамливо
Финска, која важи за најсреќна земја во светот, сака да ја сподели својата среќа со луѓето на целата планета Земја.
Ако сте заинтересирани, може да аплицирате за проектот „Изнајми Финец“ (Rent A Finn), кој ви овозможува да престојувате во фински семејства, неколку дена дена во текот на летото. Сите кои ќе одлучат да вкусат малку од „финската среќа“ ќе имаат сопствени водичи, кои ќе ги внесат во безгрижниот, опуштен свет на Финците, каде не постои стрес.
Финците важат за релаксирани, весели и позитивни луѓе, кои уживаат во живот со напредна технологија, но и во хармонија со природата.
Тоа што е најважно е дека сите трошоци за патување и за престој се покриени, а од вас се бара да го снимате своето искуство.
Како гостин ќе имате прилика да посетите национален парк, да поминете еден викенд рибарејќи, да берете бобинки во шума, да уживате во вистинска финска сауна. Баш така, како што прават Финците.
Детални информации и аплицирање на оваа веб страна
Пријавувањето е до 14 април.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница