Гостивар
Собир во Гостивар по повод 74 години од пробивањето на Сремскиот фронт
Во Гостивар, пред споменикот на паднатите борци во НОВ денес беше одбележана 74 годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт. Собирот во чест на 15-от македонски корпус кој учествувал во завршните операции за конечно ослободување на Југославија, го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци – Гостивар. На настанот присуствуваа претставници на организацијата, на ограноци на политичките партии и ученици.
На историските текови врзани со завршните операции од НОВ и учеството на македонските воени формации, преку реферат потсети Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци – Гостивар
Одбележувањето се заокружи со положување на букети цвеќе на споменикот и едноминутно молчење. Цвеќе положија делегации на боречката организација и од гостиварските ограноци на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.
Во завршните борбени операции загинаа 1.674 борци од Македонија, од сите националности. Од Гостивар и гостиварско во борбите за слобода паднаа 332 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!