Гостивар
Нова контрола на автобуси и комбиња во Гостивар, паднаа 15-тина казни
Полицијата продолжува со акциски контроли врз јавните превозници на гостиварското и на тетовското подрачје. Вчера во периодот од 9 до 14 часот, биле контролирани вкупно 101 возило за јавен превоз на патници (автобуси, минибуси и комбиња). Од нив 66 во тетовско и 35 на гостиварско.
Според податоците од СВР, откриени биле 25 прекршоци (12 во Тетово и 13 во Гостивар), поради кои од сообраќај биле исклучени 17 возила (9 во Тетово и 8 во Гостивар).
Најмногу прекршоци во оваа контрола се однесуваат на неисправни сопирачки, по што следува неисправност на други уреди, истечена регистрација, непојавуавње на вонреден технички преглед и некомплетна опрема.
„Констатираните прекршоци, односно недостатоци во оваа aкциска контрола заокружени се со 25 прекршочни платни налози (12 во тетовско и 13 во гостиварско) и со пет барања за поведување на прекршочна постапка (2 во тетовско и 3 во гостиварско).“, информира СВР Тетово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ