Поврзи се со нас

Гостивар

Масовна прослава на Велигден во срцето на Гостивар

Објавено

на

Православните христијани точно на полноќ заедно ја дочекаа веста за Христовото воскресение. Се слави големиот христијански празник Велигден. Огромен број верници го исполнија соборниот храм „Пресвета Богородица“ во центарот на гардот како и централното градско подрачје. Според обичаите и традициите, на објавувањето на веста за Христовото воскресение и претходеше трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе.

Со биењето на камбаните, се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.

Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта.  Црвените велигденски јајца го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина, која никогаш не гасне. По обичај свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.

Верниците го продолжуваат велигденското славење, во кругот на најблиските со семеен ручек и подарување на вапсани јајца.

Богослужбите во црквата продолжуваат и во наредните денови од велигдеснките празнувања.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена