Гостивар
Матурантите од Гостивар деновиве ќе слават – полицијата апелира да не прават бељи
Во пресрет на традиционалните матурски прослави, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до матурантите да се воздржат од користење на возила до угостителските објекти и назад и посебно ако немаат положен возачки испит и непоседуваат валидни дозволи.
„На матурантите им се укажува, исто така, без разлика дали поседуваат возачки дозволи или не, да не седнуваат зад волан во алкохолизирана состојба и на друг, побезбеден начин, да го организираат превезувањето кон угостителските објекти или нивните домови. Истовремено ги потсетуваме матурантите и да се воздржат од нарушување на јавниот ред и мир, преку иницирање или учество во тепачки, пуштање прегласна музика или со пукање со огнено или друго оружје, гасни пиштоли“, стои во апелот.
Полицијата нагласува дека секое непочитување на апелите и препораките соодветно ќе биде санкционирано, со цел да се обезбеди нормално и безбедно одвивање на претстојните матурски прослави, без разлика дали станува збор за угостителски објекти или на отворен простор.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве ќе ги посетат сите средни, а подоцна и основните училишта, како и угостителските објекти во кои ќе се организираат матурските и полуматурските забави.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!