Македонија
Уште десетина дена за проверка на годишните даночни пријави од УЈП
Даночните обврзници имаат рок уште десетина дена за проверка на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат. До 31 мај, треба да ги потврдат или да извршат корекција. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.
Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Евентуални корекции за податоците се вршат на следниот начин: Со логирање во системот, со сопствениот мејл и лозинка, даночниот обврзник влегува во е-пдд и во одделот преглед можат да ја види пријавата каде се внесени податоците за пресметаниот персонален данок и платениот износ. Во случај обврзникот да не се согласува со податоците, треба да кликне „корегирам“ и кога ќе се отвори полето таму да ги внесе податоците за кои мисли дека се точни.
Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ