Вести
МЗТ Скопје поведе со 1-0 против КК Гостивар
МЗТ Скопје поведе во полуфиналето против КК Гостивар, на домашен терен славеше со 87:68, по четвртини (20:22, 24:18, 27:14, 16:14).
Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа одличен меч, по класичната резултатска нишалка во првото полувреме кое заврши со предност од 4 поени за домаќините. Во третата четвртина МЗТ си обезбеди предност која во еден период изнесуваше и 18 поени, што беше доволна разлика искусниот тим на домаќинот рутински да го заврши натпреварот и обезбедат предност од 1:0.
Предраг Самарџиски беше најдобар во победата на МЗТ Скопје, постигна 16 поени и 7 скока, Младеноски запиша 12, Вудард и Медфорд постигнаа по 10. Кај КК Гостивар Ефианаи со 15 поени беше најефикасен, Тасоски и Сегариќ постигнаа по 10, Костоски и Димчевски по 9 поени.
Ова е само прв натпревар од полуфиналната серија која се игра до три победи. Веќе во вторник КК Гостивар ќе има можност за ревенаш на домашен терен во Младост.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот