Вести
Почнува Ф4: МЗТ Скопје – КК Гостивар денеска од 20.15 часот

КК Гостивар и МЗТ Скопје денеска ги започнуваат пресметките во полуфиналната серија од завршниот плеј-оф во сезоната 2018/2019. Првиот натпревар се игра во Скопје во Спортскиот центар Јане Сандански од 20.15 часот. Се игра прв до три добиени натпревари.
МЗТ Скопје заврши на врвот на табелата, од 30 одиграни натпревари има збир од 25 победи и само 5 порази. Важи за екипа со најдолга квалитетна клупа. Во првиот дуел од полуфиналната пресметка МЗТ сигурно ќе настапи без Андрија Бојиќ и Андреј Маслинко, според последниот натпревар на кој се појавија американците во тимот на Кочов, проблемите со нив се минато. Во меѓусебните дуели сезонава на овие две е екипи резултатот е 3-1 за аеродромци.
КК Гостивар влегува во оваа пресметка како четврто пласирана екипа на табелата со скор од 21 победа и 9 порази. Успеаа да ги совладаат металците во последниот меѓусебен дуел во Гостивар. За вечерниот натпревар нема да настапи Александар Стефаноски, а неизвесен е настапот на Бојан Трајковски.
Според информациите на домаќинот влезот за денешниот натпревар е слободен, МРТВ ќе го пренесува овој натпревар во живо.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар