Занимливости
За првпат албино панда снимена во дивина
Станува збор за младенче кое не е постаро од две години.
Бела џиновска панда беше снимена како шета низ бамбусова шума во Кина, што е прв ваков случај забележан во дивината, велат експертите.
Снимката била направена со помош на инфрацрвени камери минатиот месец, во резерватот Волонг, на 2.000 метри надморска височина, југозападнао од кинеската провинција Сичуан.
Ли Шенг, истражувач од Универзитетот во Пекинг, за CNN изјави дека досега не е снимена ниту една албино панда во дивината. Тој исто така претпоставува дека оваа панда има една или најмногу две години.
Засега не е познато кој пол е пандата. Животните со албинизам, појава што се појавува поради недостиг на меланин во телото, често се под поголем ризик да бидат нападнати од предатор во дивината бидејќи се полесно приметливи и лошо се снаоѓаат во просторот и генерално имаат послаб вид поради мутацијата, пишува Национална географија.
Џиновската панда е загрозен вид според Меѓународното здружение за зачувување на природата. Според нив, во дивината има само уште 1.864 џиновски панди.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот