Поврзи се со нас

Македонија

Светски ден против пушење – „Не дозволувајте цигарите да ви го одземат здивот“

Објавено

на

Последниот ден од месец мај, секоја година се добележува како Светски ден против пушењето. Годинешното мото на денот гласи: „Не дозволувајте цигарите да ви го одземат здивот“, а акцентот е ставен на штетноста на цигарите за здравјето на белите дробови. Според податоците од Светската здравствена организација над 40% од пушачите умираат поради проблеми поврзани со дишните патишта, меѓу кои и рак на белите дробови.

Последиците од употребата на тутунот се рак на белите дробови, рак на грлото и на устата, срцевите болести и болести на крвните садови и на мозокот, хроничен бронхит, хронични неинфективни заболувања и многу други. Пасивното пушење (вдишување чад од оние кои пушат) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.

Статистиката е поразителна. Цигарите се причина за смрт на осум милиони луѓе во светот годишно. Лицата кои пушат, не го загрозуваат само сопственото здравје, туку и здравјето на оние околу нив. Така, на ризик од последици од пасивно пушење, се ставени повеќе од 60.000 деца помали од пет години. Смртните случаи настануваат поради компликации на респираторниот систем што, пак, е последица од изложеноста на чадот од цигарите.

Анализите покажале дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Во светот пушат 1,1 милијарда луѓе, од кои 200 милиони се жени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена