Гостивар
Казни и сообраќајна поука за несовесни пешаци кои претрчувале улици во Гостивар
Пешаците се најдоа во фокусот на акциската контрола која Секторот за внатрешни работи Тетово, ја спроведе вчера, во периодот од 11 до 16 часот.
Како што информира полицијата, при контролата вкупно бил откриен 51 прекршок и тоа 37 на тетовското и 14 на гостиварското подрачје. Најголемиот дел од нив или триесет и три се однесувале на преминување на улиците надвор од пешачки премин и тоа 19 во Тетово и 14 во Гостивар. Петнаесет пешаци во тетовско не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци или знаците што ги дава полициски службеник.
Постапувајќи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, биле изготвени 50 прекршочни платни налози и исто толку покани за сообраќајна поука, како и една писмена опомена.
Во акциската контрола биле утврдени и 18 други видови сообраќајни прекршоци кои биле соодветно санкционирани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените