Гостивар
ЈКПД Маврово: Градежниот шут да не се фрла во контејнерите за комунален отпад, ќе има казни
Јавното комунално претпријатие Маврово упати апел до корисниците на услугите соодветно да го депонираат градежниот шут, а не да го оставаат во и околу контејнерите за комунален отпад.
„Ги замолуваме корисниците на услуги од Маврови Анови кои што градежниот шут го оставаат околу и во контејнерите, пред истиот да го депонираат да се обратат до надлежните служби на ЈКПД Маврово, Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово како би можеле да добијат информации и локација за соодветно депонирање на таквиот вид на отпад.“, наведуваат од претпријатието.
Надлежните нагласуваат дека сите што ќе бидат забележани како таквиот вид на отпад го доставуваат во контејнерите кои што се наменети за мешан комунален отпад, ќе бидат казнети врз основа на член 142-а од Законот за управување со отпад.
Според законските одредби не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на објекти , да се фрла во контејнерите за комунален отпад, туку треба на посебни локации одредени за таа намена.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница