Поврзи се со нас

Гостивар

Почнува уписот во средно – во гостиварските училишта над 1.900 места

Објавено

на

Средните училишта ги отвораат вратите за полуматурантите. Денес и утре (17 и 18 јуни) се спроведува првото пријавување во јунскиот уписен рок. Полуматурантите одлучуваат каде ќе го продолжат своето образование.

Како што е наведено во конкурсот за упис во средно, при пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–       пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

–       оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–       дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–       извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Во четирите средни јавни училишта во Гостивар, предвидени се вкупно 1.938 слободни места за упис на ученици во прва година. Во гимназијата има 476 места во 14 паралелки, во економското училиште – 442 места во 13 паралелки, во медицинското – 272 места во 8 паралелки и во техничкото – 748 места ученици во 22 паралелки.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена