Поврзи се со нас

Гостивар

„Само небото е граница“ порачаа учениците од Гостивар преку претстава и слики

Објавено

на

Ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Мустафа Кемал Ататурк“ од различни националости, беа дел од проектот „Само небото е граница“, во чии рамки се одржа мултиетничка претстава и ликовна колонија. Преку глума и сликање низ заедничка дружба, дечињата испратија порака за соживот, меѓусебно разбирање и заедништво.

„Основна цел на проектот е подигнување на свеста за значењето на културните настани, кои претставуваат значаен сегмент од секојдневниот живот.  Вклучени се ученици на возраст од 9 до 14 години од различни етнички заедници, Македонци, Албанци, Турци, Роми, а меѓу учесниците има и деца со попреченост. Она што сакаме да го докажеме е дека ниту јазикот, националноста, возраста или полот не се пречка за спроведување на вакви активности, туку напротив влијаат кон подобрување на заедничкиот соживот во градот“, рече Анета Филипоска, координатор и спроведувач на проектот.

Учениците работеа под менторство на наставничките Александра Наумческа, Севим Суло и Елизабета Наумческа.

Настанот има и хуманитарен карактер и собраните средства од продажба на сликите создадени од учениците, ќе бидат донирани за помош на деца со посебни потреби.

Проектот „Само небото е граница“ се реализира со поддршка на Министерството за култура.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 25 минути

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 1 час

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 2 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 2 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 5 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 6 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 6 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Македонијапред 7 часа

Одземен имунитетот на врховниот судија Георгиев, одобрен е и негов притвор

Технологијапред 20 часа

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена