Гостивар
Се наѕира ли конечно решение? Издвоени пари за кровот на ОУ „Гоце Делчев“ со ребалансот на буџетот
Ќе има ли конечно решавање на деценискиот проблем со руинираниот кров на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар?
Со ребалансот на буџетот за 2019-та, кој беше изгласан на последната седница на Советот на Општина Гостивар, во делот на капитални трошоци за основни училишта се прераспределуваат 6,2 милиони денари со намена за реализација на проект за изградба на нов кров во ОУ „Гоце Делчев“.
„Тој износ е планиран, а колкава сума ќе се добие како донација и од другите институции, тоа не знаеме“, рекоа од секторот за буџет.
Повеќе детали за проектот, кога ќе започне, што е предвидено и како ќе се одвива, се очекува да бидат познати во текот на следниот месец. Со оглед на тоа што се работи за проект којшто ќе се спроведува во партнерство со странски донатори, ќе треба да се добие зелено светло и од општинскиот Совет.
Кровот на ОУ„Гоце Делчев“ е во катастрофална состојба долго време и е предмет на револт и загриженост меѓу гостиварци, сообено кај родителите чиишто деца учат во ова училиште. Во училниците на горниот кат тече вода, при секои пообилни врнежи од дожд или топење на снегот. Пред година и пол, како привремено решение општината постави заштитен најлон.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!