Вести Гостивар
Во понеделник во Гостивар отворен ден од воената вежба „Одлучен удар“

На градскиот плоштад во Гостивар, во понеделник (1 јули) во периодот од 18 до 21 часот, ќе се организира отворен ден од воената вежба „Одлучен удар“. Како што е најавено, граѓаните ќе имаат можност преку директна комуникација со припадниците на армијата на САД и македонската армија поблиску да се запознаат со опремата, процедурите што ги извршуваат учесниците на вежбата, како и со воените возила кои се користат.
Вежбата „Одлучен удар“ е национална теренска вежба со повеќе меѓународни учесници, која се реализира од 5 јуни до 9 јули на „Криволак“, со учество на околу 2.700 војници. Организирана и предводена е од тим за планирање од нашата армија, поддржана со планери од вооружените сили на Соединетите Американски Држави и четири НАТО држави од Европа (Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија).
Цел на вежбата е да обезбеди синхронизација на расположливите сили и капацитети и потврда на тактиките, техниките и процедурите за координирани конвенционални операции и здружени и комбинирани операции во урбана средина, во различни временски услови и да го зголеми нивото на интероперативност и интеграција како помеѓу конвенционалните, така и помеѓу силите за специјални операции на партнерските земји.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја