Македонија
Изложба на традиционални носии на Иванден во Бигорскиот Манастир
На Иванден, 7 јули, денот на манастирската слава на Бигорскиот Манастир, по завршувањето на празничното богослужение, во манастирската галерија ќе биде отворена изложба на древни традиционални носии од дебарското-реканската етнографска целина.
Оваа изложба е плод на повеќегодишната соработка на бигорскиот игумен, Архимандрит Партениј, со ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски.
На изложбата ќе бидат претставени носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река. Станува збор за најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век.
Најголем број од носиите ќе бидат невестински, но ќе има и момински. Како посебна занимливост, ќе бидат претставени две најстари горни облеки од Горна Река и од Мијаците од Крушево.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!