Поврзи се со нас

Македонија

Елези-Касами: Голем интерес за приватизација на државно земјиште, поднесени над 9.000 нови барања

Објавено

на

Голем интерес кај граѓаните за приватизација на државното земјиште откако минатата година беше дадена нова можност да се поднесуваат барања, беше истакнато денеска на средбата помеѓу заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, и директорката на Управата за имотно-правни работи, Шасине Касами. Како што се наведува, над 9.000 барања се поднесени во овој период, а исто така забрзано се работи на решавање на сите поднесени предмети, со околу 11.400 нови решени предмети.

Заменик министерката Елези рече дека давањето на нов рок до крајот на 2021 за поднесување на барања за приватизација, било во насока да се излезе во пресрет на граѓаните кои после истекување на рокот во 2014 година не можеле да си го приватизираат земјиштето.

-Кога се правеа законските измени во Министерството за финансии ги земавме предвид барањата на граѓаните. Имено тогаш пристигаа реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање во 2014 година, како граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава. За таа цел со законското решение го продолживме рокот до крајот на 2021 година. Согласно податоците и новоподнесените барања во Управата за имотно-правни работи се гледа дека има интерес кај граѓаните и дека продолжувањето на рокот е основано – рече Елези и рече дека е најважно да има и добра динамика на решавање на поднесените предмети.

Директорката Касами информираше дека забрзано се работи на решавање на предметите, како новоподнесените така и стари предмети. Преку три четвртини од вкупно поднесените 232 илјади предмети се решени.

За граѓаните да знаат во која фаза им се наоѓа предметот изработена е веб – платформа privatizacija.gov.mk, преку која граѓаните ќе знаат во секој момент до каде е нивното барање. Во моментот во системот се достапни само предметите за приватизација од 2018 и 2019 година, а во тек е и постапка на внесување на старите предмети, со тенденција во текот на наредната година да се внесат и да бидат достапни сите стари предмети кои се во постапка.

-Порталот privatizacija.finance.gov.mk за проверка за статус на предмет се користи многу едноставно. Се што е потребно е архивскиот број на предметот, која година е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен или матичен/даночен број. Софтверот на е-маил доставува податоци за статусот на предметот. Пуштањето на порталот е само еден од чекорите кои ги преземаме за Управата за имотно правни работи да биде ефикасна и модерна институција која е ориентирана кон граѓаните и фирмите, а понатаму ќе се стремиме да се усовршуваме, да воведуваме и други новини, да учествуваме и во други проекти, се со цел поефикасно и побрзо решавање на барањата на граѓаните и фирмите – рече Касами.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 3 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 4 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 7 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 8 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 9 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 9 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 21 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 22 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена