Гостивар
Ургентниот Центар на болницата во Гостивар со нов изглед
Од неодамна Ургентниот Центар при општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар има нов изглед. Извршени се повеќе зафати за реновирање на одделот и подновување со инвентар и опрема. „Тоа се прави со цел да овозможиме подобри услови за медицинскиот персонал и за пациентите. Проектот го реализиравме со сопствени средства“,велат од Управата на гостиварската болница.
Во мисијата за оплеменување на просториите на Ургентен се вклучија и уметниците од ликовното здружение Драудакум од Гостивар, кои донираа уметнички слики.
Во Ургентниот Центар дневно се третираат од 60 до стотина пациенти. Инаку, во гостиварската болница изминатиот период се работеше на реконструкција на кровот на детското одделение со површина од 500 метри квадратни, како и на санација и поставување на ново осветлување во просторите за анестезија, реанимација и во оперативните сали.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница