Поврзи се со нас

Гостивар

Совети и препораки за гостиварци околу намалување на ризиците од пожари

Објавено

на

Дирекцијата за заштита и спасување го опфати и Гостивар со кампањата за намалување на ризиците од пожари. На градскиот плоштад беше поставен штанд, каде вработените во Подрачната единица на Дирекцијата, делеа брошури и даваа совети на граѓаните во врска со превенцијата и заштитата од пожари на отворен простор.

„Целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку поттикнување на свеста на населението за сите можни ризици што ги носат пожарите како катастрофа, со оглед на тоа што се наоѓаме во критичен период во година за појава на пожари на отворен простор“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Кампањата се води под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“.

Во насока на превенција на пожарите на отворено, Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со МВР и Министерството за земјоделство, во март донесе забрана за движење во шуми и шумско земјиште за сите граѓани, освен за вработените кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена